Американската амбасадорка Агелер порачува:
Чекорите кон ЕУ, но корупцијата и натаму го кочи напредокот

– Соединетите Држави постојано ја поддржуваат целта на С Македонија да биде добро управувана, демократска земја, нудејќи еднакви можности за сите нејзини граѓани, уште од стекнувањето на независноста во 1991 година. Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на земјата, рече американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќање на настанот во Скопје по повод одбележувањето на 30–годишнината од партнерството на УСАИД и Македонија.

Таа рече дека во текот на изминатите три децении односот со Македонија еволуирал во стратешко партнерство и сојуз и сега работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.

– Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на С Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, порача амбасадорката Агелер.

Горди сме што бевме ваш партнер во изминативе 30 години, рече Агелер, во кои бевме сведоци на значителни промени во овој период, но, подвлече, пред вас има уште многу предизвици.

– Соединетите Држави ќе продолжат да бидат тука за да ги поддржат вашите напори, и со нетрпение очекувам заеднички да ги продолжиме тие напори. Да продолжиме со партнерството за подобра иднина!, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер.

УСАИД го одбележа 30-годишниот јубилеј со културно-уметничка програма во осум градови во Македонија.

Од отворањето на Канцелариите на УСАИД во земјата во 1992 година во текот на изминатите 30 години, Американската агенција обезбеди за Македонија повеќе од 840 милиони американски долари развојна помош, која што беше наменета, пред се, за зајакнување на образованието, економскиот раст, демократијата и владеењето.

Останати вести