Анкети на ИПИС: Најголема доверба ужива Мицкоски, над половинаод испитаницитеби поддржале уставни измени со одложено дејство

Над половина граѓаните во Македонија би ги поддржале уставните измени за внесување на бугарското малцинство со одложено дејство, односно да стапат во сила откако земјата ќе стане членка на Европската унија. Ова го покажува резултатот од анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС), чиј програмски директор е политичкиот аналитичар Владимир Божиновски.

Прашање: „Дали мислите дека треба да се изврши промена на Уставот и да се почнат преговорите со ЕУ доколку промената на Уставот има одложено дејство?“

Одговори:

– 52% од анкетираните одговориле со „да“,

– 42% се „против“ промена на Уставот и со ваков услов.

Прашање: „Дали го поддржувате францускиот предлог?“

Одговори:

– 53% „не“,

– 28% „да’.

Прашање: „Во која насока се движи државата?“

Одговори:

– 25% во позитивна насока,

– 25% до некаде позитивна насока,

– 24% во негативна насока

– 13% донекаде негативна насока.

Прашање: „Какво е вашето мислење за работата на Владата во првите сто дена?“

Одговори:

– 28.4 % позитивно,

– 21.6% негативно,

– 27.1% донекаде позитивно,

– 9.3% донекаде негативно

–  13.6% „не знам“.

Доколку се земе во предвид работата на Владата во првите 100 дена, 51.1% од граѓаните сметаат дека таа е подобра од претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Прашање: „Кој е најголем проблем со кој се соочува Македонија и Владата мора итно да го решава?“

Одговори:

– 37.5% криминалот и корупцијата

– 19.7% економијата и животниот стандард.

Прашање: „Во кој политичар имате најмногу доверба?“

Одговори:

– 27.8% во Христијан Мицкоски

– 26.5% во никого,

– 8.6% во Али Ахмети,

– 5.5% во Венко Филипче,

– 2.7% во Арбен Таравари,

– 1.5% во Бранко Црвенковски,

– 1.1% во Стево Пендаровски.

Чудно е што ја нема претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Прашање: „Доколку се одржат парламентарни избори за која партија би гласале?“

Одговори:

– 26 % за ВМРО-ДПМНЕ,

– 7 % за СДСМ,

– 7% за ДУИ,

– 7% и за коалицијата „Вреди“,

– 5% за Левица,

– 2% за ЗНАМ – 2%.

Резултатите, според ИПИС, се добиени од две анкети на кои се барале одговори на различни прашања.

Првата, теренска, била спроведена а 1.005 испитаници во октомври, а втората била телефонска и се извела меѓу 9 и 13 октомври на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Останати вести