Браќата Цветкоски од Сиднеј донираа А$75,000 за игралиште во Врбјани

Градоначалникот на општина Кривогаштани, Николче Мискоски, преку јутјуб каналот информираше дека општината завршила со асфалтирањето на повеќенаменското игралиште во прилепското село Врбјани, а во идниот период ќе постават ограда, кошеви, реквизити за најмладите, летниковци и осветлување.

Инвестицијата е во вредност од 3 милиони денари (А$75,000), а општината учествува со хортикултурно и партерно уредување.

Игралиштето во Врбјани е донација од иселеници од ова село во Австралија – фирмата “МКД транспорт“ која е во сопственост на браќата Игор и Жарко Цветкоски од Сиднеј.

Игор и Жарко се чести донатори на македонски  друштва, организации и клубови во Австралија.

– Вака се сака Македонија, вака се сака општина кривогаштани, вака се сака Врбјани. Поздрав до семејството Цветкоски во Сиднеј, рече на крајот градоначалникот Мискоски.

Останати вести