Бугарија немало да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола – зашто сите несакани услови се веќе таму!

Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор од двата протоколи.
Ова го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија има цврста гаранција дека нема повеќе да има никакви условувања доколу Бугарите влезат во Уставот на Македонија.
– Ние сакаме час поскоро се што стои во тие документи да се запази. Тоа што сакаме да го видиме е навистина запазување на човековите права. Моето прашање е зошто тоа не се случува, изјави Радев, по заедничка прес-конференција со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска–Давкова и албанскиот претседал, Бајрам Бегај, кои учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
На прес–конференцијата Радев упати порака дека не станува збор за вето или успорување на процесот од соседна земја.
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, по средбата со претставници на македонското национално малцинство во Албанија во Тирана не ја коментираше изјавата на Радев, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот.
– Јас тврдев, тврдам и знам дека сите европски политичари се свесни дека тажната неевропска македонска приказна нема да застане на нас, ќе биде една од следните приказни и покрај моето радување за напредувањето на некои држави во регионот. Идентитетските прашања се надвор од која било преговарачка рамка бидејќи се надвор од Договорот за ЕУ од Лисабонскиот договор и од Повелбата за фундаментални права. Таму, се гарантира националниот и културниот идентитет, не само на членките на ЕУ, туку и на кандидатите на ЕУ. Ние не бараме никаков ексклузивен статус. Ние бараме стандардно однесување во духот на она што постојано го повторувам. Сакам да живеам во стандардна европска држава, не сакам да биде мојата држава исклучок од сите други, правилата треба да важат за сите, изјави Сиљановска-Давкова.

Останати вести