Пандемијата на КОВИД-19 донесе многу предизвици за секој во Австралија. Сите ние бевме принудени да направиме измени во нашиот живот за да се заштитиме себеси, нашето семејство и заедницата. Вакцинацијата е критичен чекор да им се вратиме на работите што сакаме да ги правиме.
Сите луѓе во Австралија на возраст од 12 години и постари можат да примат бесплатна вакцина против КОВИД-19 во аптеки, лекарски и државни клиники кои учествуваат во програмата за вакцинација. Продолжете да читате за да дознаете каде можете да добиете информации на вашиот јазик за вакцините против КОВИД-19 и како да закажете термин за вакцинација, дури и ако немате Medicare картичка.
Вакцините и дозите препорачани за Австралијците може да се различни од она што се случува во другите земји. Особено е важно секој кој живее во Австралија да ги следи здравствените совети од здравствените стручњаци во Австралија.
Како да дојдете до преведени материјали за КОВИД-19
Ако сакате информации за КОВИД-19 на вашиот јазик, посетете ја веб-страницата australia.gov.au. Сѐ што треба да направите е да притиснете на “information in your language” (“информации на вашиот јазик”) и да изберете македонски јазик од достапните 63 јазици.
Како да се вакцинирате против КОВИД-19, дури и без Medicare картичка
Вакцините против КОВИД-19 се бесплатни за секој во Австралија, дури и ако не сте австралиски државјанин или постојан жител. Ова вклучува луѓе без Medicare картичка, странски посетители, меѓународни студенти и азиланти. Сите лица на возраст од 12 години и постари сега можат да закажат термин за вакцинација.
Вакцина против КОВИД-19 можете да примите во:
· клиники на Комонвелтот за вакцинација
· ординации по општа медицина кои учествуваат во програмата за вакцинација
· Здравствени служби контролирани од абориџински заедници (Aboriginal Controlled Community Health Services)
· клиники за вакцинација во државите и териториите, и
· аптеки кои учествуваат во програмата за вакцинација.
Ако сте посетител од странство и живеете во Австралија, меѓународен студент или лице без австралиско државјанство или постојан престој, можеби не можете да користите бенефиции од Medicare. Но тоа не ве спречува да се вакцинирате.
Не е потребно да исполнувате услови или да бидете заведени во Medicare за да се вакцинирате бесплатно против КОВИД-19.
Ако немате Medicare картичка, можете бесплатно да се вакцинирате во:
· клиники на Комонвелтот за вакцинација
· клиники за вакцинација во државите и териториите, или
· аптеки кои учествуваат во програмата за вакцинација.
Користете ја врската на australia.gov.au за да ја најдете најблиската клиника за вакцинација и да закажете термин за вакцинирање. Ако на закажаниот термин за вакцинација ви е потребно преведување преку телефон или лично, јавете се во Службата за писмено и усно преведување (Translating and Interpreting Service) на 131 450.
Како да добиете доказ за вашата вакцинација против КОВИД-19
Можете да ја земете вашата потврда за историја на имунизација (Immunisation History Statement):
· онлајн, ако отворите сопствена myGov сметка и потоа пристапите до вашата Medicare сметка или
· преку апликацијата Express Plus Medicare.
Ако немате Medicare картичка или немате пристап до myGov сметка, можете да ја добиете вашата потврда за историја на имунизација ако:
· побарате од службата што ве вакцинираше да ви отпечати копија, или
· се јавите на информативната линија на Австралискиот регистар за имунизација (Australian Immunisation Register) на 1800 653 809 (од 8 наутро до 5 попладне, од понеделник до петок според источното австралиско стандардно време) и побарајте да ви ја испратат вашата потврда преку пошта. За преведувачки услуги, ве молиме јавете се на 131 450.
За повеќе информации како да добиете доказ за вашите вакцинации против КОВИД-19, видете во апликацијата Services Australia.
За други информации во врска со вакцините против КОВИД-19, посетете ја веб-страницата australia.gov.au или јавете се на 1800 020 080. За преведувачки услуги, јавете се на 131 450.
Овластено од Aвстралиската влада, Канбера.