Важно е вие и вашето семејство да бидете во тек со вакцинацијата против КОВИД-19. За да помогне со одговори на вашите прашања за вакцините против КОВИД-19 за деца на возраст од 5 до 17 години, Одделот за здравство ги подготви информациите подолу. Важноста на вакцинирање на лица на возраст од 5 до 17 години против КОВИД-19 Од вакцинирањето на вашето дете против КОВИД-19 има многу придобивки што се поддржани од австралиските здравствени стручњаци:
Одобрени вакцини и дози за лица на возраст од 5 до 17 години Администрацијата за терапевтски производи (TGA) привремено ја одобри вакцината Pfizer за деца на возраст од 5 години и постари, а вакцината Moderna за деца на возраст од 6 години и постари. За двете вакцини се потребни 2 дози. Децата на возраст од 5 до 11 години ќе примат помала доза на вакцината во споредба со лицата на возраст од 12 години и постари. Ако детето наполни 12 години меѓу двете дози, при втората вакцинација може да ја прими поголемата доза.Примањето 2 дози на вакцината против КОВИД-19 помага да се добие најдобра заштита од сериозна болест предизвикана од вирусот. Максималната заштита од КОВИД-19 започнува околу 2 до 3 недели по примањето на втората доза. На децата со сериозно нарушен имунитет им се препорачува да примат трета примарна доза 2 месеца после втората доза.Дали на децата им е потребна бустер доза? Со текот на времето, заштитата што ја даваат вакцините се намалува. На лицата на возраст од 16 години и постари им се препорачува да примат бустер доза против КОВИД-19, 3 месеци по завршувањето на нивниот примарен курс на вакцинација. Бустер дозата на вакцина против КОВИД-19 ќе им ја даде на лицата на возраст од 16 години и постари најдобрата можна заштита од вирусот во најдолг период. Во овој момент, на децата на возраст од 15 години и помлади не им се препорачува да примат бустер доза.Што ако децата се заразат со КОВИД-19 после вакцинацијата?Ниту една вакцина не е стопроцентно ефикасна, така што е можно вашето дете сепак да се разболи од КОВИД-19, дури и ако е вакцинирано. Сепак, доказите покажуваат дека постои многу помала веројатност лицата кои се вакцинирани сериозно да се разболат од КОВИД-19 или да треба да одат во болница. За да закажете термин за вакцинирање, разговарајте со вашиот доктор, одете на australia.gov.au или јавете се на 1800 020 080 и изберете ја опцијата 8 за бесплатно преведување.
Овластено од Aвстралиската влада, Канбера.