Вардар загуби од Порто и направи чекор назад кон следната фазаво Лигата на Европа

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар го забележаа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа, откако  на домашен терен загубија од Порто со 22:26.

Натпреварот почна со многу грешки на двете страни и изгубени топки, па по три минути игра на семафорот се уште стоеја почетните 0:0. Првиот гол во натпреварот го постигна Гоце Георгиевски на стартот на четвртата минута за почетно водство на македонскиот вицешампион (1:0).

Вардарци го добија првото полувреме со позитива од два гола (12:10). Но по само три минути игра во второто полувреме резултатската клацкалка превагна на страната на Порто. Од тој момент Вардарци беа тие кои го бркаа резултатот и на крајот загубија со 4 гола разлика.

Михел Родригез со четири гола беше прво име кај Вардар, додека кај Португалците Диого Оливеира постигна седум гола.

Останати вести