Владата ги пушти уставните измени во Собранието – освен Бугарите, уште пет заедници да се впишат во Преамбулата

Владата на Македонија го разгледала и го усвоила текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на РС Македонија и го испрати до Собранието на усвојување. Собранискиот спикер Таљат Џафери оваа точка ја стави на дневен ред на седница закана за 18 август, што значи дека пратениците ќе работат наместо да бидат на вообичаениот августовски одмор.

Како што се наведува во соопштението од Владата, интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во државата. Конкретно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, по бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.

Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на паритетот на претставниците во парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.“

Со предложените Уставни измени, како шпто велат од Владата, се зајакнува мултиетничкиот карактер на Македонија.

“Нашата држава е успешен пример за функционална, мултиетничка демократија во регионот и во Европа и пример за почитување граѓански и човекови права, поради што на земјата со право се гледа како на Европа во мало. Покажавме на регионот, на Европа и на светот дека соживотот на различните заедници во државава, векови низ историјата и денес и меѓусебното почитување на различните традиции и култури се богатство и предност.

Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија, се наведува во соопштението.

Владата оценува дека пред граѓаните и државата е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Граѓаните заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја.

Владата очекува конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската унија.

Со тоа ќе се овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ“, велат од Владата.

Од таму уште повикуваат на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и напротив, конечно да ги реализира европските перспективи.

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на комисиската расправа за уставните измени – ќе аргументира зошто е против нивно усвојување

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата на Комисијата за уставни измени закажана за 25 јули, на која како единствена точка на предложениот дневен ред ќе се најде предлогот за пристапување кон измена на Уставот на земјата.

– Нашите пратеници ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство, соопшти координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

На седницата на Комисијата за уставни прашања мое да се расправа по оваа точка најмногу 10 работни дена.

Останати вести