Владата одобри A$105 милиониод унгарскиот кредит за77 општини – само Струмица, Скопје, Теарце и Сарај не добија пари

По извршената евалуација од страна на ресорните министерства, Владата соопшти дека одлучила оваа година да бидат финансирани вкупно 274 проекти во 77 општини, со вкупна вредност од нешто над четири милијарди денари (околу 65 милиони евра или A$105 милиони). За проекти по општините беа планирни 100 милиони евра.

Во ресорните министерства фазата на евалуација не ја поминаа само четири општини: Струмица, Град Скопје, Теарце и Сарај, велат од владиниот сектор за комуникација со јавноста.

Премиерот Мицкоски ги повика овие 4 општини да достават ажурираната проектна документација што им недостигала за и тие да добијат средства за реализирање на капитални инфраструктурни проекти. Им даде 10-15 дена за тоа.

– Не очекувам нови проекти, туку оние општини што не доставија навреме ажурирана подлога да ја достават. Тоа е разумен период и не се такви многу. За оние кои воопшто немаат добиено проект, бидејќи не доставиле проектна документација и подлога во согласност со јавниот повик, очекувам да ги достават – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Најмногу средства, речиси A$6.5 милиони ќе добие Општина Куманово, која најголем дел од финансиската помош ќе ја намени за проекти од областа на инфраструктурно и комунално уредување. Општина Центар доби A$2.3 милиони  за реконструкција на спортската сала „Работнички“, Чаир A$4.4 милиони за седум проекти, Гостивар доби A$4.25 милиони за 13 проекти (реконструкции на улици), Струга – A$4.2 милиони, Тетово доби A$2.1 милион, додека Кичево, Врапчиште и Липково добија по A$1.45 милиони.

Општините ќе ги добиваат средствата на наменска сметка, фазно по реализирана ситуација. Целата процедура ќе ја следи координативното тело во чиј состав партиципираат претставници од сите ресорни министерства преку коишто ќе се финансираат избраните проекти.

Скопјани до ВМРО-ДПМНЕ: Ни рековте да гласаме за Данела и ние гласавме. Сега нè казнувате дека сме гласале

Официјалното објаснување е дека ниту еден од понудените проекти на Град Скопје не бил вреден за финансирање од „Орбановиот“ кредит, иако во кампањата, кога ВМРО-ДПМНЕ стоеше зад Данела Арсовска, истите проекти беа препорачувани од партијата како издржани, напредни и вистинско решение за граѓаните на главниот град.

Одбиените проекти се за проширување на неколку булевари, нов расадник на „Паркови и зеленило“, атмосферска канализација, набавка на еколошки автобуси и нови противпожарни возила…

Скопјани повеќе од две години ги трпат последиците од конфликтот помеѓу Данела и ВМРО. Па логично ја прашуваат ВМРО-ДПМНЕ: Зошто нè казнувате? Ни рековте да гласаме за Данела и ние гласавме. Сега нè казнувате дека сме гласале. Вие и натаму не ја сакајте градоначалничката, но нам ни е потребен градски превоз и потребни ни се амбуланти, паркови, места за рекреација и нови булевари…

Останати вести