Дамјан Стојаноски заедно со братучедите Златко и Влатко Миладиновски ја заврши својата многу успешна турнеја во Австралија.
Тие минатава среда го посетија фудбалскиот клуб Престон Македонија и се дружеа со членовите на управата и тимот.
Од клубот, на Влатко и на Дамјан им подарија дресови на “лавовите”, и прикажаа како вредно се подготвуваат за новата сезона што ќе ја започнат со промоција во втората Национална премиер лига на Викторија.