Волонгонг Јунајтед – Крингила Лајонс 2:1

Со победата на македонското дерби на Премиер лигата во Илавара, Волонгонг Јунајтед ќе игра во големото финале за шампионската титула. На возбудливиот натпревар во кој Јунајтед победи со 2:1 против Крингила Лајонс на „Македонија парк“ во неделата попладнето имаше солидна посетеност.

За гол се чекаше до 36 минута кога Климе Секуткоски му овозможи на Волонгонг Јунајтед да замине на крај од полувремето со водство од 1:0.

Во второто полувреме израмнувачкиот гол падна во 77 минута, а стрелец беше Ентони Крстески. Но нерешениот резултат траеше многу кратко бидејќи две минути подоцна Џереми Фланаган го постави конечниот резултат од 2:1.

Со овој пораз се означува крајот на најдобрата кампања на Крингила Лајонс во повеќе од една деценија, и ова е најдобриот резултат на клубот откако последен пат стигнаа до големото финале во 1997 година.

Волонгонг Јунајтед: МАДЕН Џејкоб, БАРБАРОВСКИ Бејли, БРУКС Бен, КОРЕИА Џош, КАВАКАМИ Сеиџи, ЛАЗАРЕВСКИ Дени, СЕКУТКОСКИ Климе. СТОЈАНОВСКИ Џејмс, ТЕРЗИЌ Динко, ТОМАС Шон, ЈОВЕНОВСКИ Киа.

Крингила Лајонс: РИСТЕВСКИ Никола, КОТОВСКИ Кајн, ХАНДРУДАКИС Емануел,  КАЛМАНИДИС Џона, ДИАС Андре, ЗУКО Бен, АКХУРСТ Рајан, КРСТЕСКИ Антони, ДИМОСКИ Стефан, СИМОНОСКИ Петар, МЕНДЕС Михаил.

Во недела, на 23 октомври, Волонгонг Олимпик и Волонгонг Јунајтед играат во големото финале на стадионот WIN со почеток во 15 часот.

Останати вести