Војната во Украина не е во ничиј интерес

Министерката за надворешни работи Пени Вонг изјави дека врските меѓу Австралија и Индија се длабоки и цврсти, и покрај одбранбената зависност на Њу Делхи од Русија.

Канбера и Њу Делхи брзо ги зајакнаа стратешките и безбедносните врски во последната деценија, вклучително и преку состанокот на лидерите на Quad и проширениот опсег на заеднички воени вежби.

Министерот за надворешни работи на Индија, Субраманјам Џајшанкар, изјави дека војната во Украина не е во ничиј интерес, но одби да каже дали неговата влада ќе го поддржи предлогот на Генералното собрание на Обединетите нации за резолуција со која се осудува руската анексија на украинските територии.

– Бевме многу јасно против конфликтот во Украина. Сметаме дека овој конфликт не служи на ничии интереси. Ниту на учесниците во неа, ниту на меѓународната заедница, им кажа тој на новинарите по средбата со австралиската колешка Пени Вонг.

Додаде дека Индија гледа колку таа војна влијае на посиромашните земји.

Меѓутоа, одби да коментира дали неговата земја ќе ја осуди анексијата на четирите руски региони.

Индија е главниот пазар за оружјето од руско производство.

Останати вести