На градилиштето на Научно-технолошкиот парк во Ниш во неделата беше извршено отстранување на бомба од авион, останата од бомбардирањето на НАТО врз Сојузна Република Југославија во 1999 година.
Министерството за внатрешни работи на Србија (МУП) соопшти дека за време на акцијата биле евакуирани 1.300 жители од населбата Стеван Синѓелиќ во Ниш, која се наоѓа во непосредна близина на градилиштето.
Во прашање била бомба тешка 1.000 килограми, со 430 килограми експлозивно полнење.
– Ова е една од најголемите бомби што сме ги деактивирале досега. Ризикот е голем, пред се за луѓето кои работат на неутрализацијата, бидејќи тоа е моќно оружје, изјави Лука Чаушиќ, заменик министер за внатрешни работи и началник на Секторот за вонредни состојби.
Бомбата е транспортирана надвор од територијата на Ниш, каде безбедно ќе биде уништена.
Во акцијата за отстранување на бомбата учествувале 144 припадници на МВР, како и бројни припадници на доброволни противпожарни бригади, општинска полиција, итните служби, здравствени домови.
Според некои податоци бомбата била лансирана на 27 мај 1999 година и требало да ја погоди касарната „Кнез Михајло“ во непосредна близина на Научно-технолошкиот парк.