Големи турбуленции на летот од Лондон кон Сингапур: Едно лице почина,повеќе се повредени

Британецот Џеф Кичен (73) почина а 23 се повредени на лет на „Сингапур ерлајнс“ по „големи турбуленции“ додека се движеше од Лондон кон Сингапур пред да биде пренасочен кон Бангкок. Официјалните лица рекоа дека седуммина претрпеле сериозни повреди на главата.

„Можеме да потврдиме дека има повредени и една жртва во Боингот 777-300ER. Во авионот имало вкупно 211 патници од кои 56 се од Австралија и 18 членови на екипажот“, објави авиокомпанијата.

Околу 11 часа од полетувањето во Лондон авионот влегол во воздушен џеб и неговата брзина и висина наеднаш остро паднала, предизвикувајќи хаос во кабината и принудувајќи го на итно слетување во Бангкок.

Авионот пропаднал цели 1.800 метри.

Преплашените патници опишаа како добиле предупредување да се врзат пред авионот ненадејно да пропадне, а еден патник рекол дека луѓето се удирале со главата во таванот на авионот кога почнал да паѓа.

Генералниот директор на аеродромот во Бангкок, Суварнабхуми Китипонг Китикачорн, на прес-конференција изјави дека починатиот 73-годишен Британец патувал со неговата сопруга.

„Доживеал срцев удар“, изјави службеникот.

Австралиските власти соопштија дека меѓу повредените од авионот има осуммина наши сонародници.

Останати вести