ГОЛЕМ ЈУБИЛЕЈ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЏИЛОНГ

Во сабота, на 10 мај, се одржа незаборавна вечер во која се одбележа значаен јубилеј на Македонската православна заедница во Џилонг, која одбележа 45 години активно делување во заедницата. Прославата во Македонскиот центар беше во чест на основачите што го започнуваат здружението да ги застапува интересите на своите членови и на Македонците генерално во пошироката заедница во Џилонг. Тие по потекло се од сите делови на Македонија и од сите генерации со цел да ја афирмираат и промовираат, преку различни активности, македонската историја, култура, јазик и религија на македонската нација и нејзиниот народ.Македонска православна црква „Св. Јован Крстител“ и културниот центар се наоѓаат на периферијата на Бетсфорд, во близина на Џилонг, што е вториот град по големина во  Викторија. Изградбата на црквата започнала во 1971 и е осветена во 1978 година. Настанот по повод јубилејот беше вистински одраз на историското патување на македонската заедница – исполнет со музика, танцување, смеа и срдечни анегдоти и почести за пионерите кои ги изградија темелите на нашата  заедница. Со прекрасниот настап на Бела Пејџ до трогателните говори што им оддадоа почит на нашите пионери што ја основаа нашата заедница, секој момент потсетуваше на силата, гордоста и единството што ја дефинираа Македонската заедница во Џилонг.Вечерта беше збогатена со присуство на претставници од македонските заедници од цела Австралија, тие сите придонесоа за оваа свечена прослава на големиот јубилеј. 

Им посакуваме уште многу вакви настани и јубилеи, така и понатаму да го одржуваат жарот и да бидат светилник на нашата заедница во Џилонг.
Слики:
Поранешниот долгогодишен претседател Митко Николовски и сегашниот претседател Зоран Димовски

Отец Чедомир Илиевски и  Архимандрид Гаврил Галев 
Настапи и Бела Пејџ што го освои второто место на популарното музичко талент шоу „Војс Австралија” 

Останати вести