Дресот на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој пред три години загина во хеликоптерска несреќа, е продаден на аукција за сума од 5,8 милиони американси долари (аскоеро А$8.4 милиони). Ова е трет највреден дрес во историјата на спортот. Поголема сума пари на аукција биле дадени само на дресовите на Мајкл Џордан и Диего Армандо Марадона.
– Овој дрес е спортска икона, каква што ретко може да ја видиме. Коби го има носено овој дрес 25 пати во текот на сезоната 2007/08, кога беше прогласен за најкорисен играч во лигата, објасни Брам Вахтер, кој ја водеше аукцијата.
Купувачот на овој 5,8 милиони американски долари вреден дрес сакаше да остане анонимен. Рекордот за најскапопродаден дрес го држи дресот што Мајкл Џордан го носеше во 1998 година, кога на Чикаго булс му го донесе последниот шампионски трофеј. Тој дрес на Џордан достигна вредност од 10,1 милиони долари (сегашни А$14.6 милиони), додека дресот што Диего Марадона го носеше на Светското првенство во 1986 година беше продаден за 9,1 милиони американски долари (сегашни А$13.16 милиони).