Државите ги враќаатзлатните резерви од странство

Сè повеќе држави ги враќаат своите златни резерви во матичните земји, гласи заклучокот на најновото истражување на американската инвестициска компанија “Инвеско“.

Главната причина за овој потег се западните санкции против Русија и замрзнувањето на нејзиниот имот.

“Инвеско“ оваа година спровел истражување во кое биле вклучени централните банки и државните фондови од неколку земји, а тоа покажало дека 68 од анкетираните организации ги чуваат своите златни резерви во матичните земји.

Во 2020 година оваа бројка била 50 отсто. Овој тренд се припишува на замрзнувањето на половина на руските златни и девизни резерви во вредност од 583,74 милијарди евра во рамки на санкциите.

Повеќе од 85 отсто од анкетираните 85 државни фондови и 57 централни банки веруваат дека инфлацијата само ќе расте во следната деценија. Околу 80 отсто од вкупните 142 учесници на истражувањето сметаат дека геополитичките тензии се главниот ризик во следната деценија.

Уделот на поддржувачите на кинескиот јуан како алтернатива на доларот паднал на 18 отсто во споредба со 29 отсто една година претходно, наведува “Инвеско“.

Останати вести