Елмас му се придружува на Столе во Валенсија

Еден од најдобрите македонски фудбалери Елиф Елмас би можело да стане соиграч на нашиот најдобар голман Столе Димитриевски во Валенсија, пренесуваат шпанските медиуми.

Валенсија ја очекува тешка битка во борбата за опстанок во Ла лига, а Елиф Елмас би требало да биде еден од клучните играчи за остварување на оваа цел. По деветнаесет одиграни кола Валенсија има само 13 бодови. Член на Валенсија е репрезентативниот колега на Елмас, Столе Димитриевски.

Елмас, кој не е стандарден во германскиот РБ Лајпциг, би заминал на шестмесечна позајмица до крајот на сезоната.

Елмас сезонава од тренерот Марко Росе доби 44 минути во Бундеслигата и 15 минути во Лигата на шампионите.

Според „Билд“, РБ Лајпциг е подготвен да го продаде македонскиот репрезентативец за 24 милиони евра.

Останати вести