Жена тешко повредена од ајкула во Сиднеј

Лорен О`Нил која пливала во близина на пристаништето во Сиднеј е тешко повредена во напад на ајкула и е пренесена во болница во стабилна состојба, соопштија  локалните власти.

Службите за итни случаи во вторник биле повикани во заливот Елизабет и ја пронашле О`Нил (29)  со сериозна повреда на десната нога, потврди полицијата на  Нов Јужен Велс.

Полицијата соопшти дека  ајкулата ја нападнала младата жена додека таа пливала на околу 20 метри од пристаништето.

Иако регистрирањата на ајкули се вообичаени по плажите во Сиднеј, нападите во пристаништето се ретки, а последниот се случи во близина на Сиднејската опера и Пристанишниот мост.

Врз основа на анализата на каснувањето и дадените слики, се проценува дека жената најверојатно била нападната од бик-ајкула.

Останати вести