Д-р Фелпс мисли дека е важно да се балансираат придобивките од намалувањето на хоспитализирањата и смртните случаи од ковид наспроти фактот дека со кој било лек или вакцина, ќе има несакани последици кај некои луѓе.„Но, мислам дека е многу важно за оваа нова вакцина, што постои помалку од две години, да истражеме и да вложиме вистински напор за несаканите последици од вакцината што ги доживуваат луѓето.” рече таа. Тие доживуваат цела низа последици од вакцините како што се: срцеви проблеми, со миокардитис и перикардитис. И тоа не е ограничено само на млади мажи – разговарав со средовечни жени лекари кои имаа исти последици. Потоа некои имаат невролошки несакани ефекти, имаат мускулно-скелетни болки во зглобовите. Проблемите на имунолошкиот систем со реактивирање на автоимуните болести итн.
Сите бевме заведени и залажувани од политичарите и лажните експерти кога стануваше збор за вакцините против ковид-19.
И тоа веќе го кажуваат многумина што со ентузијазам или под принуда се вакцинираа за да бидеме ослободени од постојаните заклучување и уништување на фамилите и бизнисите.
Иако категорично имаше противење и спротивставување на нелибералните налози за задолжителна вакцинација, особено кога станува збор за здрави млади луѓе, на крајот многумина мораа да се повинуваат на притисокот од политичарите кои не тераа да верувавме во стручните совети дека вакцинацините ќе го спречат преносот и смртноста.
Сега знаеме дека тоа не е така и почнуваме да дознаваме колкумина претрпеле катастрофални повреди од вакцината против ковид-19.
Многумина излегоа во јавноста дека страдаат од последици од вакцината откако поранешната претседателка на АМА, Керин Фелпс, објави извештај до парламентарна истрага во која ги детализираше нејзините повреди од вакцината.
„Повредата од вакцините е тема за која малкумина во медицинската професија сакаа да зборуваат“, рече д-р Фелпс.
Таа повика на поголемо истражување на повредите од вакцините против Ковид, предупредувајќи дека лекарите до сега се плашеа да „проговорат“ за ова прашање.
Поранешната пратеничка и претседателка на Австралиското медицинско здружение (АМА) откри во истрагата на Парламентот во Канбера за трајните последици од вакцината против Ковид, и дека таа и нејзината сопруга Џеки Стрикер-Фелпс претрпеле сериозни реакции од вакцината Фајзер.
„Регулаторите на медицинската професија до сега ја цензурираа јавната дискусија за несаканите последици по имунизацијата, со закани до лекарите да не даваат никакви јавни изјави за нешто што „може да го поткопа владиното воведување вакцини“ или да ризикуваат суспензија или губење на нивната докторска регистрација“.
Уште во март 2021 година, регулаторот за медицински работници предупреди дека секој што се обидува да го „поткопа“ националното воведување вакцина против Ковид може да се соочи со дерегистрација или дури кривично гонење.
Во советот на Австралиска агенција за регулирање на здравствените лекари (AHPRA), се вели дека „секоја промоција на изјави против вакцинација или здравствени совети што се спротивставуваат на најдобрите достапни научни докази или се обидуваат активно да ја поткопаат националната кампања за имунизација (вклучително и преку социјалните медиуми) не е поддржана од Националните одбори и може да ги прекрши кодексите на однесување и предмет на истрага и можни регулаторни дејствија“.
Цензурирана беше јавната дискусија за негативните последици по имунизацијата, со закани до лекарите да не даваат никакви јавни изјави за нешто што „може да ја поткопа владиното вакцинација“ или да ризикува суспензија или губење на нивната регистрација, вели д-р Фелпс.
Пратеникот на либералите Расел Бродбент, исто така е застапник за жртвите кои се главно игнорирани од медиумите, политичарите и медицинските организации.
„Многу е вознемирувачки да ги гледаш овие луѓе лице в лице, да разговараш со нив и да видиш дека некои од нив сега имаат сериозни последици“, рече Бродбент на Sky News минатава недела.
„Секој од нив биле силни, здрави мажи и жени пред да ја земат вакцината“.
Тие заслужуваат правда, вклучително и соодветна компензација, и покрај непромислените зделки на властите што им ги дадоа на производителите на лекови за „имунитет против одговорност и оштета“.
Во 2022 година имало 144.650 смртни случаи кои се случиле до 30 септември, што е за 19.986 (16,0%) повеќе од историскиот просек.
Интересно е што смртните случаи од респираторни заболувања се намалени оваа година (околу 7%), при што смртноста од рак се држи блиску до очекуваната стапка, додека најголем пораст е во починување од срцеви заболувања, излив на крв во мозокот, дијабетес и деменција.
Останува прашањето зошто имаме се повеќе смртни случаи во овие области?