Застанете и размислете: Проверете го изворот на информации на овие сојузни избори

За време на сојузните избори, многу се зборува и пишува за процесот на гласање. Внимавајте бидејки некои од овие информации на интернет може да бидат лажни или погрешни.

 Изборниот систем во Австралија е еден од најдоверливите во светот и секој гласач игра улога во негова заштита. Може да наидете на лажни или на погрешни информации за изборната постапка. Важно е да застанете и да размислите за содржината и изворот на она што го гледате, слушате или читате. На интернет може да се користат текстови, слики, видео и аудио записи создадени со вештачка интелигенција во обид да бидете доведени во заблуда каде да гласате, како да ги пополните гласачките ливчиња или зошто процесот можеби не е веродостоен.

Бидете скептични во разумни граници. Проверете или игнорирајте ги информациите, но не ги споделувајте или повторно објавувајте. Можете исто така да ги пријавите на местото каде што сте ги виделе. Даjте им поддршка на пријателите и на вашето семејство да го сторат истото.

Изборниот систем во Австралија е еден од најверодостојните во светот. Тој им припаѓа на гласачите и сите ние сме одговорни да го заштитиме. Проверете ја содржината Внимавајте на: емотивен јазик што предизвикува силни чувства, како шок, лутина или возбуда, поврзување на два или повеќе аргументи што немаат смисла, прикажување на мал број наместо прикажување на сите избори. Обвинување на одредена група или лице кое не е единственото одговорно лице/група и напаѓање на личноста наместо ставање акцент на аргументот. Потоа криење на лажни тврдења/изјави со само поставување на повеќе прашања  или избирање факти или делови од приказна без прикажување на сите информации.

Проверете го изворот:  Од каде потекнуваат информациите? Дали се од доверливо место?  Како се подготвени? Технологијата со вештачка интелигенција овозможува лесно да се создадат лажни текстови, слики, видео и аудио материјал. 

Понекогаш старите информации може да изгледаат како нови.  Дали постои причина за тоа некој да се обидува да ве убеди во нешто што не е вистина.

Одете на веб-страната на австралиската Изборна комисија за да разликувате што е точна а што лажна информација во поглед на тоа: како да го пополните избирачкото ливче, кога да гласате, што е гласање со рангирање на кандидатите по бројки, како се бројат гласовите, како се одлучува за резултатите од гласањето,  безбедност, контрола и други заштитни мерки.

Сите ние ја споделуваме одговорноста за заштититување на интегритетот на нашиот изборен систем. Поддржете ги пријателите, семејството и заедницата со тоа што ќе ги охрабрите внимателно да ги следат информациите. 

За повеќе совети, посетете ја интернет страницата на: aec.gov.au/translated

Изготвено во соработка со австралиската Изборна комисија, 10 Mort Street, Канбера.

Останати вести