Како што се приближуваме до зимата, важно е да бидете во тек со вакцинацијата против КОВИД-19.
Што значи тоа за вас, за вашето семејство и за вашата заедница? Одделот за здравство има одговори на вашите прашања за бустер и за зимските дози.
Зошто бустер дозите на вакцина против КОВИД-19 се важни?
Бустер дозите се препорачуваат за да се одржува имунитетот против КОВИД-19. Бустер дозите не само што ја зголемуваат вашата заштита од тешка болест, туку и помагаат да продолжите да ги штитите вашите најблиски и заедницата од КОВИД-19.
Заштитата од КОВИД-19 која сте ја стекнале со вашиот примарен курс на вакцинација ќе се намали со текот на времето. Меѓутоа, како што може да се види низ светот, доколку сте во тек со вашата вакцинација против КОВИД-19 значи дека:
Првата бустер доза против КОВИД-19 може да ја примите откако сте го завршиле курсот со примарни дози на вакцинација против КОВИД-19 пред најмалку 3 месеци.
Разговарајте со вашиот доктор или посетете ја веб-страницата health.gov.au за да дознаете кои се условите за примање на бустер дози.
Што е зимска доза против КОВИД-19 и дали треба да ја примам?
Треба да примите уште една бустер доза против КОВИД-19, исто така позната како зимска доза, ако сте ја примиле вашата бустер доза пред 4 месеци и:
Ако сте имале КОВИД-19 после вашата прва бустер доза, почекајте 4 месеци пред да примите зимска доза.
Дали треба да чекам помеѓу примањето на вакцина против грип и примањето на бустер доза против КОВИД-19?
Вакцините против КОВИД-19 може да се даваат истовремено со вакцината против грип. Сепак, доколку сè уште не ги исполнувате условите да ја примите вашата бустер или зимска доза, не треба да одложувате да примите вакцина против грип.
Кој вид на вакцина треба да примам за бустер доза?
Вакцината Comirnaty (Pfizer) е одобрена и се препорачува за бустер дози за млади лица на возраст од 16 до 17 години.
Ако сте на возраст од 18 години и постари, ATAGI ги препорачува вакцините Pfizer или Spikevax (Moderna) за бустер дози.
Исто така можете да ја примите вакцината Vaxzevria (AstraZeneca) како бустер доза само ако тоа го препорачало вашето медицинско стручно лице.
Во моментов, вакцината Nuvaxovid (Novavax) не е одобрена за бустер доза.
Каде можам да примам бустер доза?
Бустер и зимските дози против КОВИД-19 се достапни бесплатно во докторски клиники, во аптеки кои учествуваат во програмата за вакцинирање, во Здравствени служби под контрола на абориџински заедници (Aboriginal Community Controlled Health Services) и во државни клиники за вакцинација.
За да закажете термин за вакцинирање, разговарајте со вашиот доктор, користете ја алатката Vaccine Clinic Finder (Наоѓач на клиника за вакцинирање) на covid-vaccine.healthdirect.gov.au или australia.gov.au или јавете се на 1800 020 080 и притиснете 8 ако ви треба преведувач.
Овластено од Aвстралиската влада, Канбера.