Зошто е во зима еден од најзагадените градови во светот? Мапирани 100 јавни објекти кои горат мазут и нафта во Скопје

За што се зборува воопшто кога јавни институции го загадуваат воздухот во Скопје со греење на мазут или нафта за домаќинствата, велат од невладината Шанса за Центар е од каде нагласуваат дека изброиле 100 државни институции кои го загадуваат воздухот, но дека сигурно ги има уште. Сите тие заедно во една зимска сезона согоруваат 2.7 милиони литри нафта за домаќинство или колку што собира во еден олимписки базен.

„Празните муабети, што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе. Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително ‚валкан‘ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот!

Такви јавни објекти во Скопје кои ги согоруваат овие енергенси се најмалку 100! Барем ние толку успеавме да пронајдеме. Сигурно има уште… На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава.

На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство.

Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање.

Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сè прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот”, рекоа од Шанса за Центар.

Цементарницата “Усје” ќе плати казна до A$300 илјади, следна казна може да е затворање

На 7 февруари ќе се спроведе спогодување за висината на казната која цементарница „Усје“ ќе ја плати за загадување на амбиенталниот воздух во Скопје. Цементарницата која е во сопственост на грчки “Титан“ се наоѓа на 5 км воздушна линија од центарот на главниот град.
Висината на казната може да изнесува од А$270 до А$300 илјади, а предвидена е и казна за управителот од А$15,000. Казната “Усје“ ќе ја плати согласно прекршочната пријава на Државниот инспекторат за животна средина, кој утврдил дека за печките користела мазут наместо гас.
Компанијата по интервенцијата на ДИЖС веднаш премина на греење од мазут на гас, а ако цементарницата продолжи да загадува можно е и нејзино затворање.

Останати вести