Повеќе од 250 играорци се собраа за да ја прослават македонската култура на годишната игранка
Заедничко дружење се одржа во Мелбурн, во прекрасната сала на Sheldon Reception, каде се собраа играорците на КУД “Јане Сандански” и КУД “Светлост”.Над 250 играорци ги воодушевија присутните гости со програма подготвена до перфекција, а членовите на културно-уметничките друштва оставија силен впечаток. Публиката која целосно ја исполни салата со нетрпение го очекува нивниот следен настап.Годишната игранка продолжи со општонародна веселба со убави стари и новокомпонирани македонски народни песни и ора. А за тоа беше одговорна групата „Златен тон“, која се погрижи за атмосферата со музика и го држеше подиумот за танцување активен цела ноќ. Посебно треба да се истакне убавиот гест на МКУД “Илинден” од Мелбурн и МКУД “Бисер” од Џилонг, за тоа што дозволија да се позајмат дополнителни костими за зголемениот број играорци.
Управите исто така искажаа благодарност до сите спонзори, поддржувачи и посебно родителите, за нивната постојана поддршка.