ИЛАВАРА ПРЕМИЕР ЛИГА, ФИНАЛНО РАЗИГРУВАЊЕ, Крингила Лајонс – Конистон 3:2

Во понеделникот попладнето, на убавиот сончев пролетен ден, Крингила Лајонс во возбудлив натпревар го победи Конистон со 3:2. Гледачите гледаа спектакуларно прво полувреме и брз гол на Ентони Крстески во 4 минута, што му донесе рано водство на Крингила. Тоа траеше се до 30 минута кога Тобиас Норвал успеа да го израмни резултатот на 1:1. Но извонредниот Антони Крстевски повторно стапи на сцена и само три минути подоцна донесе ново водство од 2:1.

Пред да заврши првото полувреме на листата на стрелци се запиша и Питер Симоновски за 3:1.

Во второто полувреме Конистон само успеа да го ублажи поразот со голот од пенал на Ван Елија во 68 минута за конечните 3:2.  

Тренерот на “лавовите“ од Крингила, Ицко Атанасоски, кој за многумина подржувачи на клубот има голема улога во успехот, ја истакна важноста на резултатите што ги бележи тимот.

– Во последните осум недели секој натпревар за нас е големо финале. На секој натпревар моравме да победиме или да постигнеме резултат за да стигнеме до петтото место во финалното разигрување, објасни Атанасоски.

– Фактот што стигнавме до петтото место е бонус за нас и не гледаме назад. Работевме напорно и заслужуваме да бидеме тука и ќе продолжиме да притискаме колку што можеме, рече Атанасоски.

За Конистон поразот значи дека тие се надвор од трката за титулата во Премиер лигата на Илавара и ја завршуваат сезоната со една победа од последните пет натпревари. Додека нашиот клуб Крингила Лајонс  сега резервира средба против Булај во недела, на 9 октомври, во малото полуфинале.

Во другото елиминационо финале истиот ден ќе игра и другиот наш клуб Волонгонг Јунајтед против Волонгонг Олимпик.

Крингила Лајонс настапи во следниот состав: РИСТЕВСКИ Никола, КОТЕВСКИ Кајне, ХОНДРУДАКИС Емануел, КАЛМАНИДИС Јона, ДИАС Андре, ЗУКО Бен, МАТИАС Киган, КРСТЕСКИ. Антони ДИМОСКИ Стефан, СИМОНОСКИ Петар и МЕНДЕС Михаил.

Замени: СИТНИКОСКИ Стивен (ДИМОСКИ 83’), Џејкоб (МЕНДЕС 90+6’).

Останати вести