Италијански тинејџер кој почина од леукемија ќе биде првиот милениумец прогласен за светец

Папата Франциск му припиша второ чудо на италијанскиот тинејџер Карло Акутис, кој во својот краток живот ги користел своите компјутерски вештини за да ја шири католичката вера, со што тој се стекнува со можност да стане првиот светец од милениумската генерација.

Акутис, кој почина од леукемија на 15 години во 2006, беше познат како „божји инфлуенсер“. Роден во Лондон, тој пораснал во Милано и придонесол за ширењето на католичкото учење преку интернет.

Акутис беше прогласен за блажен во 2020 откако му беше припишано едно чудо: седумгодишно момче од Бразил заздравило од ретко нарушување на панкреасот откако дошло во контакт со кошула на Акутис. Со припишувањето на второто чудо тој ќе може да биде унапреден во светец. Од Ватикан не кажаа кога би се случило тоа, но папата Франциск веќе донесол таква одлука на состанок со кардиналот Марчело Семераро, шефот на ватиканскиот оддел за прогласување светци.

Од 912 луѓе кои биле канонизирани од папата Франциск, најскорешната година на раѓање е 1926.

Останати вести