Во неделата во Мелбурн пристигна Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – новозеландски г. Петар. На меѓународниот аеродром Туламарин во Мелбурн, митрополитот го пречекаа свештениците на Австралиско – новозеландската епархија и веднаш се упатија во првоосветениот македонски храм „Свети Илија“, во Футскрај и таму г. Петар богослужеше вечерна богослужба. Со тоа ја започна својата овогодинашна канонска визитација на Австралија.