Карим Бензема ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во 2022 година

Французинот Карим Бензема е освојувач на „Златната топка“, која се доделува на најдобриот фудбалер на светот, за 2022 година. На церемонијата во Париз, Франција, наградата ја доби од славниот поранешен играч, Зинедин Зидан.

Напаѓачот на Реал Мадрид важеше за голем фаворит пред доделувањето на наградата во Париз, а малкумина беа изненадени кога тоа заврши во неговите раце.

Во претходната сезона постигна 44 гола и имаше 15 асистенции на само 46 натпревари и стана петтиот Французин во историјата кој го добил ова признание.

Еден од најзаслужните за 14 титула на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а за неговите настапи во нокаут-фазата од континенталното натпреварување ќе се зборува уште долго, особено за хет-трикот против ПСЖ и Челси. Тој беше и најдобар стрелец на тоа натпреварување со 15 голови.

Главна конкуренција на Бензема за “Златната топка“ му беа Роберт Левандовски, Килијан Мбапе, Мохамед Салах и Ерлинг Халанд. Интересно, минатиот освојувач и човек со најмногу признанија (седум) Лионел Меси, воопшто не се најде во листата на 30 најдобри.

На второто место во изборот се најде Садио Мане, екс-играч на Ливерпул, сега ги брани боите на Баерн Минхен, а на третата позиција се најде членот на Манчестер сити, Кевин де Брујне.

Инаку Сане ја доби инаугуративната награда „Сократес“, која се доделува за придонес во општеството. Напаѓачот на баварскиот гигант е познат по својата хуманитарна работа во Сенегал.

Сите награди (освен една) отидоа во Мадрид и Барселона

За најдобар млад играч во 2022 година е прогласен талентот на Барселона, Пабло Мартин Паес Гавира, или подобро познат како Гави, кој ја доби наградата „Рајмон Копа“, која го носи името на легендарниот француски голгетер.

За најдобар европски голман трофејот „Лав Јашин“, во чест на големиот руски (советски) голман е прогласен Тибо Куртоа од Реал Мадрид. Репрезентативецот на Белгија забележа 52 настапи во сите конкуренции за „кралевите“ минатата сезона, прими 46 гола, а на 22 натпревари мрежата ја сочува недопрена. Во битката за овој трофеј, Куртоа ги победи Алисон Бекер, Едерсон, Мајк Мањан и Едуард Менди.

“Златната топка“ во женска конкуренција се најде во рацете на фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас, која беше прогласена за најдобра фудбалерка во Лигата на шампионите.

Оваа титула на Бензема ќе му донесе нов договор со Реал!

Капитенот и најдобар стрелец на кралскиот клуб има важечки договор до јуни 2023 година, но наскоро Карим Бензема ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2024 година.
Оваа вест на социјалните мрежи ја потврди инсајдер на италијанскиот новинар Фабрици Романо. Францускиот ас одамна влезе во четвртата деценија, но за него годините се само бројка. Во Мадрид се воодушевени од настапот на 34-годишниот напаѓач.
Бензема дојде во Реал летото 2009 година. За тоа време одигра 615 натпревари за клубот, постигна 328 гола и забележа 160 асистенции.

Останати вести