Ковачевски: Владата предводена од СДСМ за пет години изгради 1300 километри патишта, двојно повеќе од претходните 10 години

– Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот 10-годишен период, кога биле направени само околу 650 километри, рече премиерот Димитар Ковачевски при увидот на работите на автопатот Кичево-Охрид.

Како ли само дојде до бројката од 1.300 километри? Тоа би му дошло во просек по 260км годишно. Дури и кога во таа бројка ќе се вклучат автопатските делници Демир Капија-Смоквица (28км) и Штип-Миладиновци (47км), кои беа проекти на претходната влада на Груевски, никој не може да ги “пронајде“ тие силни километри патишта што се направени!?

Ништо појасно не стана ни откако Ковачевски почна да набројува: се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, течат активности за изградба на автопатот Гостивар – Кичево, на автопатот Тетово – Гостивар, на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, на автопатот Прилеп – Битола. Изградени се експресни патишта во должина над 55 километри, а се градат експресни патишта во должина над 63 километри – рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека досега се изградени и експресните патишта Штип-Радовиш, како и првата фаза од патот Штип-Крупиште.

Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта: Градско – Дреново, Дреново – Фариш, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Активно се одвива реконструкцијата и на регионални патишта во должина од околу 130 километри. Завршени се градежните работи и на делницата Плетвар. Оваа Влада е посветена и прави сѐ за европската иднина на земјата, за економски развој на Северна Македонија, подобра сообраќајна поврзаност и пред сè подобар квалитет на живот за сите граѓани без разлика во кој дел од земјата живеат – рече Ковачевски.

Останати вести