Минатава недела на брод во прекрасниот залив во Сиднеј, фантастичното трио – Влатко Миладиноски, Дамјан Стојановски и Златко Миладиноски одржаа незаборавен концерт. Бројот на места беше ограничен и се приреди незаборавно доживување за присутните.
Колку е успешна оваа турнеја покажува и фактот што сите концерти практично беа распродадени уште и пред да допатува популарното трио од Македонија за оваа турнеја. Од таа причина се организираа и три дополнителни настапи од кој остануваат ограничен број на места само во “Гранд Нерет“, во Мелбурн на 11 декември. Од организаторите дознаваме дека целосно се распродадени другите трите концерти за 2, 3 и 10 декември. Исто така и во Џилонг брзо се намалува бројот на слободни места.
Организатор на оваа турнеја е Австралиско-Македонската Младинска Асоцијација “Никола Карев”.
02 Dec 2024