Љубица Бакреска е родена на 7 октомври 1923 година во охридското село Велгошти, а со семејството живее во Перт, каде го одбележа 100-от роденден и според медиумите е најстарата Македонка која живее во Западна Австралија.
Прославата се одржа во просториите на македонскиот културен центар „Илинден“ во Перт во присуство на нејзиното семејство и најблиските роднини и пријатели.
Љубица за роденденот доби честитки од цела Австралија. Телеграми испратиле Кралот Чарлс, Прајминистерот на Австралија Ентони Албанезе, генералниот гувернер на Австралија Дејвид Хари, премиерот на Западна Австралија Роџер Кук, а од името на македонската амбасадорка во Австралија Билјана Стефановска- Сековска телеграмата со честитки за добро здравје ја прочита почесниот македонски конзул во Перт, Зоран Ќосески.
Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, 10 правнуци и шест пра-правнуци.
На прашањето која е тајната на долг живот, таа одговори – редовно пеење и прошетки во природа.