Продолжува со успесите Бродмедоу Маџик, клуб за која сме навикнати да се натпреварува во завршницата за купот на Австралија. Минатава седмица на гостувањето кај Маитланд забележа победа и го потврди своето место во понатамошното натпреварување. Во 13 минута од пенал Том Бечам донесе водство во првиот дел од 0:1.
На почеток од второто полувреме ЏекСимонс, во 52 минута, го постави конечниот резултат од 0:2.
Во недела, на 15 јуни, продолжува Национална премиер лига на северен НЈВ, со 15 коло во кое Бродмедоу Маџик гостува кај Чарлстон Азури со почеток во 16:30 часот.