Екипата на Ливерпул наскоро би можела да добие нови сопственици. Тоа го соопшти групата „Фенвеј Спорт“, која моментално раководи со премиерлигашот.
Шпекулациите за продажбата се актуелни неколку месеци. Тие станаа реалност по последното обраќање на газдите на клубот.
„’Фенвеј Спорт’ неодамна доби интерес од трети страни да станат акционери во Ливерпул. Под соодветни услови би дозволиле нови акционери во клубот доколку тоа е најдобро за интересите на Ливерпул. Групата останува целосно посветена на успехот на премиерлигашот во и надвор од теренот“, гласи соопштението.
Тоа, сепак, не значи дека „Фенвеј Спорт“ би бил подготвен целосно да го напушти клубот, но тие со задоволство би прифатиле нови инвеститори.