Македонија го освои 15. место на СП 2025

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари со пораз од Франција го завршија настапот на овој Мундијал. Поради подобра гол-разлика од Австрија, македонската селекција го освои четвртото место во групата, оставајќи ги зад себе Австрија и Катар. Пред нас на табелата се Франција, Холандија и Унгарија.

Така, нашиот национален тим го завршува овој светски шампионат на одличното 15. место, со скор од две победи (Катар и Гвинеја), две реми (Унгарија и Австрија) и исто толку порази (од Холандија и Франција). Може да се каже дека „црвено-жолтите“ одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

Во рангирањето од 13. до 16. место Македонија повеќе бодови во однос на Италија, од сите четвртопласирани селекции во групите 1 до 4.

Останати вести