Македонија од третиот шешир ќе ги чека противницитеза квалификациите за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за Мундијалот во 2026 година.

Според новиот формат на квалификациите ќе има 12 групи, а Европа на Светското првенство ќе прати 16 репрезентации.

Првопласираните од сите 12 групи ќе изборат директен пласман, а второпласираните плус четири селекции од Лигата на нации преку плејоф ќе се борат за преостанатите четири места.

На еден циклус пред крајот на Лигата на нации, 38 од 54 репрезентации знаат во кој шешир ќе играат, а меѓу нив е и Македонија која е во третиот. Покрај Македонија сигурни во третиот шешир се: Република Ирска, Финска, Грузија, Албанија, Исланд, Северна Ирска и Црна Гора. Тоа значи дека ниту една од овие селекции нема да ни се падне.

Останати вести