Македонија скокна три позиции на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од три места на најновото издание на ФИФА листата. По одличниот мини-циклус во октомври, кога Македонија оствари две победи на гости, против Летонија и против Ерменија, нашиот национален тим забележа напредок од три позиции.

Македонија сега се наоѓа на 69.место на листата на ФИФА со 1.361 поени.

На врвот на листата на ФИФА и натаму е Аргентина, а потоа во Топ 5 следуваат Франција, Шпанија, Англија и Бразил.

Австралија исто така се помести нагоре на ранг-листата на ФИФА – за едно место. Со 1.552 бода сега е на 24 место.

Останати вести