Македонија според Индексот на мизерија е меѓу првите држави во Европа!

Македонија е втора (трета ако се вклучи Турција) на врвот на листата во Европа според Индексот на мизерија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој индекс којшто е комбинација на годишната стапка на инфлација и стапката на невработеност бил создаден од американскиот економист Артур Окун, а бил посебно популарен во 70-те години од минатиот век со појавата на стагфлација.

Денес, Индексот на мизерија повторно е во интерес низ светот како што расте инфлацијата, а невработеноста останува релативно висока. Преку индексот на мизерија може се утврди економското страдање на една земја од инфлацијата и невработеноста, зошто поголемата невработеност води до помал доход во целина, а повисоката инфлација води до повисоки трошоци за живот. Кога државите имаат високи стапки на невработеност и висока инфлација, луѓето немаат доволно доход ниту за набавка на основните работи. Таков е случајот со македонските граѓани. Високата инфлација е присутна и во балтичките земји, но истите имаат ниски стапки на навработеност, што ги прави помалку економски и социјално ранливи отколку Македонија.

Останати вести