Македонија уште долго ќе ги оплакува

Министерството за здравство ги соопшти имињата на загинатите во трагедијата што се случи во Кочани во клубот „Пулс“.

Најголем дел се од Кочани – 31, шест од Облешево, по пет од Скопје и од Штип, тројца од Пробиштип, двајца од Виница и по еден од Зрновци, Соколарци, Чифлик, Тркање, Оризари, Струмица и Македонска Каменица.

Погребната церемонија во Кочани беше најголема а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан.

Ова се имињата на загинатите со годината на раѓање, слава им:
Алексова Стефанија 2004, Џамов Јорданчо 1993, Трајчев Иван 2000, Ѓоргиев Џоко 2000, Коларов Александар 1981, Величков Иван 1998, Стојанов Андреј 2000, Антова Ивона 2003, Христовски Павел 2004, Димитријев Диме 1994, Насевски Никола 2007, Богданов Тоше 1994, Тодоровски Тоше 1988, Коцева Ана 2004, Живков Адријан 2000, Петрушов Гордан 2001, Горгиев Игорче 1976, Стевановски Филип 1988, Стојанов Томче 2003, Стоименова Моника 1999, Стојанов Стојанчо 1988, Пројковска Николовска Capa 1977, Шопова Марија 1997, Ивановски Петар 2004, Ѓорѓиев Александар 1991, Марковски Матеј 2007, Закова Бојана 1997, Василков Ѓорѓи 1999, Петров Александар 1999, Минова Драгана 2008, Алексова Capa 2006, Ѓорѓиески Андреја 1982, Ивановски Филип 2008, Јорданова Capa 2007, Стрезоска Марија 2001, Ефремов Александар 1992, Велков Игор 1980, Тасева Стојковска Лепа 1998, Атанасовски Мартин 1996, Алексов Александар 1986, Минов Божидар 2001, Милковска Кети 1999, Златков Томас 2003, Соколова Стефанија 2005, Велков Леонид 2007, Наунова Надица 2007, Јорданов Виктор 2000, Панов Андреј 2000, Иванов Димитар 2008, Стоименов Спиро 1998, Владимиров Јове 1993, Андонов Ице 2003, Тасевски Стефан 1988, Величков Ѓорѓи 1994, Стојанов Александар 1986, Христова Сања 1999, Танески Дамјан 2006, Спасова Моника 1998 и Лазаров Андреј 1999.

Од загинатите во пожарот се простија и последна чест им оддадоа и граѓани од целата земја. Македонија прогласи седумдневна жалост. Денови на жалост од солидарност прогласија и Бугарија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Останати вести