Според податоците на Австралиското биро за статистика во Австралија има 111,352 лица кои декларирале македонско етничко потекло.
Во споредба со претходниот попис одржан во 2016, тоа претставува зголемување од 12,782.
По држави бројките се следни:
– Викторија 49,429
– Нов Јуже Велс 43,775
– Западна Австралија 11,327
– Квинсленд 3,335
– Јужна Австралија 1,817
– Канбера 1,458
– Тасманија 133
– Северна Територија 78.
Македонскиот јазик дома го користат 66,173 лица:
– Викторија 29,356
– Нов Јуже Велс 28,091
– Западна Австралија 5,916
– Квинсленд 1,386
– Канбера 764
– Јужна Австралија 610
– Тасманија 30
– Северна Територија 19.
Од декларираните Македонци во Австралија 41,786 се родени во Република Македонија. Од нив 38,909 се австралиски државјани, 2,518 не се и 364 не дале прецизен податок за статусот.
Ова е зголемување на бројката за 2,801 во споредба со Пописот од 2016 (38,985) и e одраз на поголемото иселување од Македонија.