Макс Верстапен без да знае по трката во Јапонија стана новиот шампион во Формула 1. Холанѓанинот ја освои втората титула во Формула 1 по хаосот кој се случи на патеката “Сузука“. Дојде до титулата на неверојатен начин, затоа што правилникот направи целосна забуна.
Прво требаше да добие само половина бодови, затоа што трката не беше завршена до крајот (се извозеа 28 од планираните 53 круга), па потоа беше соопштено дека ќе ги добие сите поени, а потоа беше донесена одлуката за казна за Шарл Леклер, неговиот главен конкурент, кој падна од втората на третата позиција.
Тешко е да се опише што навистина се случи во Јапонија, но она што е сигурно е дека стана шампион повторно. Тоа го потврди и тој самиот во разговор со поранешниот возач Џенсон Батон, по церемонијата на победниците. Сè беше решено.
– Ова е лудило. Чувствата ми се помешани. Освојувањето на првата титула не ни можев да го замислам, а оваа година навистина уживав. Ви благодарам на сите, на целиот тим кој ми помогна. Го направивме болидот побрз и напредувавме од година во година. Навистина неверојатно. Сакам ваков притисок, рече Верстапен.
Следната трка ќе се вози во Остин во Америка, каде Макс требаше и официјално да ја освои титулата. Но, сепак тоа се случи во Јапонија.
Што се однесува до самата трка, Верстапен заврши како прв, Леклер втор, Перез трет, но по споменатата казна дојде до ротација на позициите два и три.