Маск:Прв пат успешно вградивме безжичен мозочен чип кај човек, изумот се вика „телепатија’’

Технолошкиот милијардер Илон Маск соопшти дека неговата компанија на 29 јануари 2024 за прв пат успешно вградила еден од своите безжични мозочни чипови кај човек. Првичните резултати се ветувачки и пациентот добро закрепнува, рече тој.

Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и вели дека сака да помогне во справувањето со сложените невролошки состојби. Голем број ривалски компании веќе вградија слични уреди.

Компанијата на Маск во мај доби дозвола од американскиот медицински регулатор да го тестира чипот на луѓе. Објавувајќи на „Х“ платформата Маск рече дека првиот производ ќе се вика телепатија.

Чипот, рече тој, ќе овозможи „контрола на вашиот телефон или компјутер, а преку нив речиси секој уред, само со размислување. Првичните корисници ќе бидат оние кои не можат да ги користат своите екстремитети“, продолжи тој.

Осврнувајќи се на покојниот британски научник кој имаше болест на моторните неврони, тој додаде: „замислете Стивен Хокинг да може да комуницира побрзо од дактилограф. Тоа е целта“, рече Маск.

Останати вести