Лорен Ингрид Фланиган (32), мајка на три деца, почина во болница во Бризбејн додека чекаше судење обвинета дека со нож ја усмртила својата тригодишна ќерка Софија. Девојчето било пронајдено во предниот двор на семејната куќа во населбата Мур Парк Бич, на периферијата на Бандерберг во Квинсленд. Имало на телото голем број повреди.
Мајката Фланиган во моментот на смртта чекала судење и не морала лично да се појави пред судот во Бандерберг. Нејзиниот правен застапник не поднел барање за кауција, а судењето било одложено за 21 јули. Била сместена во специјализирана единица за затвореници од висок ризик, позната како Единица за кризна поддршка, каде што важат строги мерки за безбедност, вклучувајќи постојан визуелен надзор, специјално дизајнирани ќелии за намалување на ризик од самоповредување како и редовни психолошки проценки. Корективната служба на Квинсленд соопшти смртта на Лорен Фланиган ќе биде предмет на внатрешна истрага, како и независна истрага на Групата за ревизија и инспекција на критични инциденти и Команда за професионални стандарди и управување. Исто така вклучена е и Единица за истрага на корективните служби на полицијата на Квинсленд.
Според наводите на полицијата, Фланиган наводно со нож ја убила својата ќерка Софија во дворот, додека другите две нејзини помлади деца, на возраст од една и две години, биле внатре. Тие не се повредени и сега се на сигурно место. На местото на настанот бил пронајден ножот, потврдил надзорникот Бред Ински. Софија била секогаш насмеана, полна со љубов и живот. Таткото на малата Софија, Џај Руан, ММА борец и рударски работник, итно се вратил дома откако полицијата го известила за инцидентот. „Софија беше светлина на мојот живот. Секогаш се смееше, секогаш сакаше да помогне. Беше полна со живот и љубов. Имаше огромно срце“ – изјави скршениот татко.