Мила Србиноскасветски шампионво јуниорска категорија на Светското првенство за хип-хоп и стрит денс

Мила Србиноска од клубот „Брејк А Лег“ е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“-Скопје, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

Македонската репрезентација беше меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаа клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.

Во рамките на Парадата на нации, на танцовиот подиум продефилираа над 1.700 натпреварувачи, создавајќи спектакуларно шоу на движење, ритам и креативност. Танцувачи од сите возрасти и стилови се собраа заедно на сцената, носејќи дух на единство и страст за танцот. Отворањето беше збогатено и со настапот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“, кое извесе незаборавен перформанс на народни игри и ора од Македонија.

Останати вести