Мицкоски: Ако Преспaнскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, зошто не го повторимеза вештачкиот спор со Бугарија?

Ако Преспанскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, „брилијантно“, зошто тогаш ова „ремек-дело“ не го повториме за изнаоѓање на конечно, трајно и одржливо решение за овој вештачки спор со Бугарија? Ова беше дел од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски од 20-иот Европски самит во Салцбург.

– Нашиов последен предлог е нешто што можеби изгледа конструктивно и прифатливо за сите. Секогаш се обидувам да зборувам со одреден јазик што може да биде разбран северно од Виена, не сфаќајте ме погрешно, кажа премиерот.

Истакна дека Бугарија досега не почитува 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав, што, како што рече, покажува отсуство на волја за приближување на работите.

Дури и Бугарите да се внесат во Уставот, додаде Мицкоски, никој не гарантира дека  за шест месеци потоа од Софија нема да се бара нешто дополнително.

Останати вести