Мицкоски: Го отворивме прашањето за државниот грб

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ја отвориле темата за промена на државниот грб.

– Јас знам дека имаше договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за промена на државниот грб. Тоа беше пред неколку години, ако не се лажам, во 2014 или 2015 година. Инаку, ние ова прашање го отворивме и ценам дека ние сме една од двете држави, би рекол постсоцијалистички, кои се уште за државниот грб го имаат стариот со некои модификации. Кратко да кажам, имаше договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кога бевме во иста Влада, кога таа Влада ја водеше, мислам, Никола Груевски – изјави Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека на маса е само промена на државниот грб и ништо друго. Не се разговара ниту за промена на химната ниту за внесување на албанскиот јазик во Уставот наместо „20%“.

Интересно, никој не спомнува промена на државното знаме иако од партиите на етничките Албанци непара го истакнуваат на своите митинзи или по канцелариите на нивните функционери по државни институции.

Не се открива дали ВМРО-ДПМНЕ го возобновила предлогот на владата на Груевски од 2014 година или се нуди ново решение за промена на државниот грб. Објаснувањето на ВМРО-ДПМНЕ тогаш беше дека е враќање кон историските симболи, со посочување на стемографиите на Павао Ритер Витезовиќ во 1694 година и на дојранчанецот Жефаровиќ во 1741 година.

Тогаш и за ДУИ тој предлог беше прифатлив, зашто лавот се наоѓал на грбовите на многу стари и големи албански семејства.

Актуелниот државен грб со мали модификации е во употреба од 1946 година. Во 2009 година од грбот беше отстранета само црвената петокрака (симбол на социјализмот).

Инаку за промена на државниот грб потребно е двотретинско мнозинство во Собранието.

Останати вести