Мицкоски: Немаме друга алтернатива освен патот кон ЕУ,но не сум спремен за отстапки по секоја цена

Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор на централната прослава на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија повика на исполнување на 10 принципи околу, како што кажа, треба да се создаде заедништво и сплотеност на сите фактори во општеството, а не само на власта „или неколку партии во опозицијата“, за да се справиме со предизвиците и да чекориме на патот кон просперитет
Тој упати и порака до опозицијата, за која рече дека тоне во тотална безидејност и целосна неконструктивост и ја повика да престане со деструктивните игри кои ја ставаат државата во опасност.

Во изминатите 33 години се соочивме и со многу предавства од страна на неодговорни политички лидери кои ги продаваа нашите национални интереси. Денес сме тука да се увериме дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Имаме свои национални интереси и тие интереси ќе бидат заштитени по секоја цена. Нема да бидеме монета за поткусурување на никој. Ние ќе се бориме за нашите интереси и за нашето достоинство и ве уверувам дека ќе успееме!

Останати вести