Ванчо Ѓорѓиев е избран за нов претседател на Комисијата за историски прашања, на местото на досегашниот Драги Ѓоргиев, кој повеќе не е дел од ова тело.
Ѓорѓиев, кој е професор на Факултетот за историја, и порано беше член на комисијата, но ја напушти во 2021 тврдејќи дека имал политички притисоци од лица во македонското МНР.
Во новиот состав на комисијата е и историчарот Александар Литовски, кој беше член на историската комисија во периодот 2018 до 2020. Вработен е во Институтот за национална историја и ја истражува новата историја.
Други членови на комисијата се: Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје; и Димитар Љоровски, историчар, вработен во Институтот за национална историја.