Победа на првиот натпревар пред домашната публика за Алтона Маџик Вардар. Уште во првото полувреме беше решен натпреварот со головите на Билал Хабиб во 19` и Антони Франџи во 36 минута за 2:0. Гостите во завршницата, длабоко во судиското продолжение успеаја само да го ублажат поразот со голот на Флечер МекФарлајн во 93 минута за конечните 2:1.
Во првото коло што Алтона Маџик го играше во понеделник забележа нерешен резултат од 1:1 на гостувањето кај Мелбурн Виктори. Стрелци на головите беа: Џек Михаилидис 9` за домаќинот и Билал Хабиб во 38 минута за Алтона Маџик Вардар.
Во петок, на 21 февруари, Алтона Маџик Вардар гостува кај братскиот клуб Престон Македонија со почеток во 19 часот.