Првото коло на НПЛ во Викторија започна и Престон Македонија на домашен терен ја забележа својата прва победа.
Вечерниот натпревар се играше со пријатна летна температура, пред бројната публика која создаде извонредна атмосфера, за жал кон крајот имаше непотребни искри во делот кај што се гостинските навивачи. Во првото полувреме иако имаше интересни моменти пред шеснаесетникот фудбалерите заминаа на одмор без постигнат гол.
Во вториот дел се чекаше до 54 минута за да се затресе мрежата, и тоа го постигна Лејтон Брукс за водство на Престон од 1:0. Десет минути подцна Џејсон Ромеро зголеми на 2:0. Гостите во судиското продолжени само го ублажија поразот кога Мајкл Домфи во 93 минута го постави конечниот резултат за 2:1.
Другиот наш претставник во Лигата, Алтона Маџик Вардар, играше на гости кај Мелбурн Виктори, во понеделник навечер и не бевме во можност да го дочекаме резултатот за ова издание на АМН.
Во петок, на 14 февруари, Престон Македонија гостува кај Данденонг Сити со почеток во 19:45. Следниот ден игра Алтона Маџик Вардар и ја пречекува екипата на Сен Албанс со почеток во 18:15 часот.