Национална премиер лига на Викторија, 10 коло, Мелбурн Виктори – Престон Македонија 0:0

Минатава седмица во Националната премиер лига на Викторија имаше пауза за празниците за Велигден. Единствена средба беше помеѓу Мелбурн Виктори и Престон Македонија која заврши без голови и со поделба на бодовите. „Лавовите“ за жал не успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе на теренот во последните петнаесет минути од средбата. Виктори остана со играч помалку во 75 минута кога Џон Радмисис доби црвен картон.

Во четврток се играше и средба за Докерти куп во која Престон Македонија ја совлада екипата на Далас Сити со 3:1.

Оваа седмица продолжува регуларното првенство со  натпреварите од 11 коло. Во петок, на 25 април, Алтона Маџик ја пречекува екипата на Окли со почеток во 17:30 часот. Истиот ден игра и Престон Македонија која ја пречекува екипата на Сент Албанс со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА
Авондаел 27
Окли 22
Хајделберг 22
Данденонг Тандер 22
Престон Македонија 15
Хјум Сити 14
Мелбурн Виктори 12
Грин Гали 12
Сент Албанс 10
Данденонг Сити 10
Саут Мелбурн 9
Мелбурн Најтс 9
Алтона Маџик Вардар 7
Порт Мелбурн Шаркс 6

Останати вести